Од првите зборови кои ги слушаме па се до многубројните изреки кои ги склопуваме во животот, секој ден е нова шанса за повеќе спонтани моменти. Leox е првиот True Environment Processing™ Super Power / Ultra Power слушен апарат на Bernafon погоден за сите оние кои имаат тешко и екстремно тешко оштетување на слухот. Откривајќи го и обработувајќи го звукот со неверојатно голема брзина, овој слушен апарат ви овозможува најреалистичо чувство на слушање. Бернафоновата заштитена DECS™ технологија и моќниот сет на функции овозможуваат извонредни перформанси при слушањето. Како едно од највисоките ниво на амплификација на пазарот, гордо можеме да кажеме дека Leox е апарат кој им помага на децата и младите да уживаат во животот со полна спонтаност. Со овој апарат вие ќе добиете функции од висока технологија кои се од вистинска корист и притоа слушниот апарат кој ја покажува својата целосна вредност, како никогаш до сега. Посебна приказна која е поврзана со Leox слушните апарати е нивната Bluetooth бежична поврзаност со сите паметни уреди кои ги имаме во секојдневното опкружување. Оваа технологија на компанијата Bernafon е докажано најдобра бидејќи звукот од мобилниот телефон, телевизор, лаптоп го пренесува без прекин и тешкотија а она што е исклучително важно е дека звукот е кристално чист и јасен дури и за лицата со оштетен слух. Корисниците на Leox слушните апарати со бежична конекција која ја нуди компанијата Bernafon, имаат можност повторно да ги слушаат омилените песни, да гледаат серии и филмови, да слушаат информативни програми и се да разбираат скоро на ист начин како луѓето кои природно имаат добар слух.
Овој слушен апарат е најновиот апарат на компанијата Bernafon која се нуди на возрасни лица и деца со тешко оштетување на слух.
Додатоци:
-
TV A – адаптер за телевизор преку кој корисникот на слушниот апарат има можност да го разбира телевизискиот програм и до 100%.
-
SoundClip – додаток кој бежично се поврзува со слушните апарати а овозможува директен пренос на звукот во слушните апарати од мобилен телефон, лаптоп или било кој друг уред кој има
-
Апликација EasyControl A – дава можност корисникот директно да управува со слушните апарати преку својот мобилен телефон.