Разлика помеѓуслушен апарат и слушен имплант?
Слушните апарати се помошни слушни уреди кои го појачуваат звукот и го чинат погласен. Звукот кој го произведува дури и најсовремениот слушен апарат, некогаш неможе да овозможи потполна корист на лицата со тешки и екстремно тешки оштетувања на слухот или со тешко оштетување на слухот на двете уши. Едноставно, без разлика колку е гласен звукот кој го овозможува слушниот апарат, кај тешко оштетениот слух, увото неможе да ги обработи информациите поради оштетувањето на служните ќелии.
Kohlearni implanti
Австралиската компанија Cochlear LTD представува најголем и светски признаен производител на кохлеарни и баха импланти кои се вградуваат кај деца и возрасни , на кои неможе да се помогне да слушаат со примената на конвенционални слушни апарати.
Во соработка со најголемите клинички центри во земјата и странств, Аудио БМ и Cochlear LTD даваат шанса на децата и возрасните со екстремни оштетувања на слухот, активно да се вклучат во животните и друштвените текови на настаните. Тимовите на специјализирани стручни лица, заедно со етички и хуман пристап кон проблемот, вршат дијагностика, селекција на кандидати, како и самиот хируршки зафат за импланатација.
После имплантацијата, на пациентите им е обезбедено прецизно подесување и прилагодување на имплантите преку индивидуалните потреби на корисникот во просториите на Аудио Бм во Скопје.
Досегашните корисници на кохлеарен или баха имплант во нашата земја , до скоро беа принудени да одат во другите странски земји заради подесување на имплантот. (Хановер, Прага, Сегедин).