Слушни апарати
АудиоБМ соработува со светски познатите брендови веќе 32 години, нудејќи голем избор на слушни апарати со најнова технологија и дизајн Нашите стручни акустичари ке ви помогнат во одбирањето на слушен апарат кој би ги задоволувал вашите потреби.


Полниви слушни апарати
За разлика од традиционалните модели кои користат еднократни батерии, овие апарати користат батерии кои се лесно полниви преку стандарден приклучок. За само неколку часа полнење, слушниот апарат е наполнет за целодневна употреба, со што се елиминира потребата да се заменува батерија. Ова го прави уредот поедноставен за одржување, поготово за луѓе кои се постари или оние кои имаат ограничено движење. Освен што имате удобност и функционалност, овие апарати се и еколошки прифатлива опција поради тоа што им овозможуваат на корисниците да го намалат нивото на количина на електронски отпад. Полнивите слушни апарати ви овозможуваат да уживате во подобрата поврзаност и едноставноста, без грижа за додатните трошоци и смена на батеријата.
Слушен апарат и телевизор
Многу луѓе со оштетување на слухот честопати неможат да пратат дијалог на ТВ, со тоа што тоа може да доведе до фрустрација или изолирање. За среќа, денес постојат иновативни решенија како ТВ адаптерот, кои овозможуваат безжичен пренос на звукот со телевизорот директно во вашите слушни апарати. Овој уред ви дава кристално чист стерео звук, кој го прави секој разговор појасен како да сте во самиот центар на случувањето. Заборавете на појачување на звукот до максимум и грижата дека ќе им сметате на останатите. Со ТВ адаптерот, поврзувањето со телевизорот е едноставно и брзо, а вие можете да уживате во секој програм со семејството без стрес. Вашиот омилен филм или серија сега може да бидат извор на радост, а не на стрес.

Кои врсти на слушни апарати постојат?
АудиоБМ ви нуди широка палета на слушни апарати, како би можеле да го пронајдете најсоодветното решение за вас. Наши соработници се швајцарскиот бренд Bernafon, компанијата Demant, канадскиот бренд Unitron и компанијата Sonova.
Погледнете ја нашата понуда:

Канални слушни апарати
Поставени внатре во увото, направени по мерка за секој клиент. Се нарекуваат и "бубици" затоа што се мали, скоро неприметни и целата електроника се наоѓа во школка изработена по мерка за вашиот ушен канал. Наменети за луѓе кои носат наочари и оние кои сакаат дискретен изглед на слушен апарат. Наменети за слабо, средно и средно-тешко оштетување на слухот.

Задушни слушни апарати
Користат тенка жица која се протега од слушниот апарат, преку ушната школка и ушниот канал. Погодни се за сите типови оштетување на слухот. Поврзување со помош на Bluetooth со паметен телефон или ТВ. Има можност и за полнивa варијанта.

Задушни слушни апарати за тешки оштетувања
Подобра разбирливост на говор и удобност при слушањето. Пријатни и едноставни за употреба. За личности кои имаат тешко или екстремно тешко губење на слухот. Bluetooth поврзување со паметен телефон или ТВ.