Вашиот ушен канал произведува ушна маст која може да го затвори звучникот на слушниот апарат. Ушната маст е еден од главните причинители за појавување на проблем кај слушните апарати. Сите CIC слушни апарати се со филтер со што се спречува влегување на ушната маст во апаратот. Обавезно е користењето на филтерот за заштита од ушна маст. Доколку не го менувате филтерот на Вашиот слушен апарат во рокот предвиден за промена на истиот, ризикувате расипување на апаратот поради неадекватно одржување на истиот.